Роналдо со благодарност и до лојалните противници по својот 750-ти гол во кариерата

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, синоќа на мечот со Динамо Киев го постигна својот 750-ти гол во кариерата, вакво нешто направиле претходно само тројца фудбалери во историјата, и тоа играчи кои повеќе од 45 години веќе не се активни.

По натпреварот, Кристијано на социјалните мрежи објави благодарност до сите кои му помогнале да дојде до ваква бројка, па ги спомна дури и противниците кои го мотивирале.

„Постигнати 750 голови, 750 среќни моменти, 75- насмевки на навивачите. Им благодарам на сите соиграчи и тренери кои ми помогнаа да ја стигнам оваа неверојатна бројка. Им благодарам и на лојалните ривали кои ме тераат секој ден да тренирам понапорно и понапорно“, напиша Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести