Роналдо уште пред една недела договорил трансфер во европскиот гигант

Речиси сигурно е дека Кристијано Роналдо веќе нема да одигра ниту еден меч за Манчестер јунајтед откако Португалецот го даде интервјуто коешто шокираше многумина кај Црвените ѓаволи.

Од Манчестер јунајтед најавија дека Роналдо ќе биде казнет со еден милион фунти, а тренерот Ерик тен Хаг најави дека Португалецот може слободно да бара нов клуб. Оваа одлука на Тен Хаг не е изненадувачка, но очигледно дека Роналдо веќе бил подготовен за такво нешто.

Според англиските медиуми, Роналдо веќе пред една недела имал разговори со челните луѓе на Баерн Минхен за евентуален трансфер на „Алијанц арената“. Роналдо во кариерата освен во Англија, има играно и во Шпанија, Италија и Португалија, но никогаш не бил дел од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести