Рускиот гренслем-хит ќе му биде противник на Ѓоковиќ – Во Мелбурн за 10 дена заработи повеќе од цела кариера

Аслан Карацев е хит во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија, а на првиот грендслем во сезоната само за десетина дена заработи повеќе пари од целата кариера претходно.

Утринава го елиминираше и Григор Димитров, што му беше осмиот меч во Мелбурн бидејќи тргна во импресивниот поход од квалификациите. Следен ривал ќе му биде најдоброрангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го победи Зверев со 3:1.

Тој е само петтиот тенисер во историјата на гренслем-турнирите што ќе игра полуфинале, а дотаму стигнал со старт во квалификациите.

Моментно е рангиран како 114-ти тенисер на светот и ова му е деби на главната сцена на гренслем-турнирите, иако има 27 години.

Досега со осум победи во Мелбурн заработи 662 илјади долари, или повеќе од сите пари што ги заработи претходно во кариерата, или точно 618.354 долари.

Карацев е најнискорангираниот тенисер од 2001 што ќе игра полуфинале, а последен пред него беше Горан Иванишевиќ со епскиот поход до титулата на Вимблдон пред две децении.

Карацев ќе се пробие во Топ-50 по завршувањето на Отвореното првенство на Австралија, а ако приреди сензација и против Ѓоковиќ, заработката ќе скокне на 1,17 милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести