Руските спортисти шокираат: Каде има војна?

Рускиот ски-скокач Евгениј Климов и нордиецот Вјачеслав Барков ја поддржаа инвазијата на својата земја врз Украина.

Климов за време на натпреварувањето во Финска, мавтал со ракавицата на која стои руското знаме, покажувајќи дека стои зад одлуката на Русија за напад на Украина.

Нордиецот Барков бил уште поекстремен, па по настапот, имал необична изјава, откако новинарот го прашал како се чувствува кога знае дека неговата земја е во војна.

„Што се случува во светот?“, прашал Барков, а новинарот му одговорил: Има војна. Следувало ново прашање од рускиот спортист: Каде има војна?, а новинарот збунето му возвратил „Во Украина“. Тогаш следувал шокантен одговор на Барков: Во Украина се одвива спасувачка операци.

- Оглас -

Најнови вести