Салах испиша историја на „Олд Трафорд“, Манчестер во очај, губи 0:4 на полувреме (Видео)

Ливерпул игра неверојатен меч на „Олд Трафорд“, а тоа резултира со водство на гостите од 4:0 по првите 45 минути во дуелот на двата најтрофејни клуба во Англија. Уште од самиот старт, Ливерпул тргна во напад и по само пет минути поведе со голот на Кеита, кој може да го видите ТУКА.

Домаќините уште не беа освестени од шокантниот старт, а Диого Жота погоди за 2:0 во 13 минута. Ливерпул имаше целосна контрола во првиот дел, а во 38 минута за 3:0 погоди и Мохамед Салах. Во последните секунди од првиот дел, Салах по втор пат успеа да ја затресе мрежата на Давид де Хеа, што е негов деветти погодок сезонава.

Салах е првиот играч во историјата што успеал да погоди на три последни гостувања на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести