Само два месеци откако му ја скршија ногата, Гомеш повторно тренира

Пред нешто повеќе од два месеци, на „Гудисон парк“ во Ливерпул, на дуелот меѓу Евертон и Тотенхем се случи една од најгрозните сцени во Премиер лигата сезонава. По еден старт на Сон Хунг-мин, домашниот фудбалер Андре Гомеп заработи скршеница на десната нога.

Ситуацијата делуваше страшна. Гомеш во болки се тркалаше по теренот, а Сон кој го направи фаулот плачеше поради тоа што го направи.

Првичните претпостави беа дека се работи за многу тешка повреда која може да го отргне Гомеш од теренот до крајот на сезоната.

Сепак, ситуацијата е многу подобра. Гомеш имаше успешна операција и не само што добро закрепнува, туку тој веќе започна и со тренинзи. Повредата на Гомеш може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести