Само што го избраа на НБА-драфтот, ги почести родителите со нов автомобил (Видео)

Крилниот кошаркар Исак Окоро беше избран како петти пик на НБА-драфтот и во новата сезона ќе го носи дресот на Кливленд кавалирс. Окоро има само 19 години, а посебно се израдува кога ја слушна веста дека е во Топ 5 на драфтот.

За стартот на НБА-кариерата, тинејџерот реши да ги почести своите родители со нов автомобил. Неколку моменти откако го слушна своето име, Исак на својот татко му подари клучеви од новиот „ренџ ровер“, на којшто имаше и панделка.

Ентони Едвардс е кошаркарот кој е избран за прв пик на драфтот од страна та Минесота. Целата листа на 60-те кошаркари кои се избрани на годинашниот драфт во НБА-лигата, може да ја видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести