Саутгејт има чудно објаснување – Англија имала премногу напаѓачи, а не даде ниту еден гол (Видео)

Герет Саутгејт ја презеде вината за катастрофалниот пораз од Унгарија со 0:4, прв со четири или повеќе голови разлика по тој од Шкотска со 1:5 на домашен терен во 1928 година.

Селекторот на Англија има интересно објаснување дека Гордиот Албион има млад тим и во еден период од мечот со Унгарците и премногу напаѓачи на теренот, иако не постигнаа ниту еден гол.

Англија нема победа по четири кола во третата група од Сегментот А, на две рунди до крајот е последна само со два бода и е на прагот да испадне во Сегментот Б од Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести