Се гледа позитивно во кошмарната ситуација: Салах му посака брзо закрепнување на Ван Дајк (фото)

Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул, прв му посака брзо закрепнување на Вирџил ван Дајк откако се потврди тешката повреда кај стоперот на англискиот првак. Ван Дајк ќе мора да оди на операција на коленото откако ги скина вкрстените лигаменти по опасниот старт на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Ливерпул ќе мора да се обиде да ја одбрани титулата во Премиер лигата без клучниот дефанзивец, со оглед на тоа дека Клоп не ќе може да смета на Ван Дајк најмалку седум месеци.

„Ти посакувам брзо закрепнување голем човеку“, напиша Салах на „Твитер“ на објавена фотографија на која е заедно со Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести