Се игра викторија во Скопје, Македонија веќе води со 2-0 (Видео)

Елиф Елмас е стрелец на вториот гол за Македонија во 29-тата минута, а нашата селекција и буквално игра викторија пред голот на Летонците и можеше да има и поголема предност од 2-0.

Илија Несторовски се обиде со удар од работ на шеснаесетникот, а одбиената топка во голот на Ванинс ја смести Елмас.

Нашиот најголем талент претходно го замени Ферхан Хасани, кој се повреди, но темпото на игра на Македонија не спласна. Имавме шанси и за многу поубедлива предност, по шансите на Пандев и на Хасани, а се радувавме на голот на Езџан Алиоски уште во 11-тата минута од мечот. 

.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести