Се исплати секој цент: Перфектна партија на Ван-Бисака против Евертон

Манчестер јунајтед не успеа да оствари три победи во низа во Премиер лигата, откако Евертон си замина со бод од „Олд трафорд“ по денешната пресметка. Црвените ѓаволи се спасуваа за конечни 11, резултат кој дефинитивно не му одговара на Оле Гунар Солскјер.

Сепак, норвешкиот стратег може да биде задоволен од индивидуалната претстава на Арон Ван-Бисака. Десниот бек на Јунајтед одигра перфектна партија против Карамелите, кога станува збор за извршување на дефанзивните задачи.

Ван-Бисака имаше седум успешни стартови и 100% успешност во 90-те минути, ниту еден друг играч на мечот ни облиску не запиша ваков учинок.

Младиот фудбалер дефинитивно ги оправдува сите средства кои 20-кратниот англиски првак ги потроши за неговиот потпис. Јунајтед изминатово лето исплати 50 милиони фунти на Кристал палас за услугите на Ван-Бисака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести