Се јави и Роналдо по дебаклот од 0:5

Манчестер јунајтед го доживеа најголемиот пораз во историјата на домашен терен во дуелите со најголемиот ривал Ливерпул откако на „Олд Трафорд“ загуби со 0:5. Повеќе од 66 години Црвените ѓаволи немале ваква бламажа пред своите навивачи.

Играчите на Манчестер јунајтед беа немоќни на теренот, а нивната фрустрација се покажа и со црвениот картон на Пол Погба поради остар старт. Од исклучување се спаси и Кристијано Роналдо, кој пред крајот на првото полувреме неспортски реагираше и со топка го удри играчот на Ливерпул, кој лежеше на теренот. Настана мешаница на теренот, а судијата на Роналдо му даде само жолт картон.

Ова е само вторпат во кариерата Роналдо да загуби меч со 0:5. Првиот пат тоа се случи додека беше играч на Реал Мадрид, кога во Ел Класико на „Камп ноу“ со 5:0 загуби од Барселона. Португалецот синоќа се јави на социјалните мрежи со свое видување за дебаклот од Ливерпул.

„Понекогаш резултатот не е тој за којшто се борите или тој што го посакувате. Самите сме виновни за ова, никој друг. Нашите навивачи повторно ни дадоа неверојатна подршка и заслужуваат подобри резултати од тоа што ние го правиме. Нам ни останува да го направиме тоа. Веднаш!“, напиша Роналдо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести