Се нижат добитни тикети со Спорт Манија – Погодена е петката на Типстерски совети со вкупна квота од 25,78

Нова добитна комбинација од пет натпревари понуди Спорт Манија во својата стандардна содржина со Типстерските совети и сите што го одиграа вчерашниот предлог тикет си го помножија влогот со коефициент од 25.78 во Sport Life.

Тоа значи дека со уплата од 100 денари добивката во бруто износ е 2.578 денари што е сосема солиден коефициент и ќар во зависност од уплатата на обложувачите што го послушаа нашиот совет.

Ова е втор добитен тикет во последните десеттина дена, откако и минатиот четврток петте предлог типови со натпревари од европските купови беа прецизно погодени со вкупен коефициент од 44.1.

За добивки секогаш треба и малку среќа, а на вчерашниот тикет со пет пара божицата „Фортуна“ беше со вас и со нас во Лисабон, каде Спортинг го победи Маритимо со 1:0, со погодок во 98. минута.

Тој меч беше типуван со комбинација 1&0-3 гола, па погодокот на Педро Поро од пенал во последните моменти од судиското продолжение беше шлаг на тортата.

Головите во финишот на дуелите меѓу Хајденхајм и Дармштад и на Вест Бромвич Албион против Квинс парк ренџерс помогнаа за полн погодок во петочните Типстерски совети.

Баерн Минхен лесно го победи Гријтер фурт со 3:1 за погоден тип 2&3-5 гола, а и Алтај и Бешикташ со брзи голови во второто полувреме им донесоа радост на сите обложувачи што го послушаа нашиот предлог од пет двојки со вкупен коефициент од 25.78 во Sport Life.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести