Се огласи и Мегваер: Морам да се осигурам дека сме заедно како тим

Хари Мегваер повторно е цел на критики по новиот блед настап против Атлетико Мадрид.

Капитенот на Манчестер јунајтед веќе неколку години наназад е критикуван од навивачите поради своите лоши изданија и бараат да му се земе капитенската лента, но тоа барем засега не се случува.

„Како капитен морам да се осигурам да ги добиеме сите натпревари до крајот на сезоната. Има уште девет исклучително важни средби кои доколку ги победиме, сè ќе зависи од нас.

Мојата работа како капитен е да се осигурам дека сме сите заедно, како тим“, изјави Мегваер.

Манчестер јунајтед во моментов има 50 бодови и е на петтото место, додека Арсенал е под број четири со еден бод повеќе, но и две средби помалку.

- Оглас -

Најнови вести