Се оправда точно 20 минути подоцна: Рашфорд ја отвори сметката на празничниот маратон (видео)

 

Маркус Рашфорд мораше да се оправда за промашениот зицер во втората минута, и успеа во тоа точно 20 минути подоцна. Англискиот голгетер му донесе водство од 1-0 на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Лестер во првиот дуел на Боксинг деј.

Притисокот на Црвените ѓаволи се исплати во вистински момент да се отвори средбата. Речиси цела одбрана на Лестер тргна кон Фернандеш да му затворат простор, а овој од прва со врвот на копачката го проигра Рашфорд кој овојпат успешно го совлада Шмајхел.

- Оглас -

Најнови вести