Џао Синтонг има огромно водство од 17-8 против Марк Вилијамс во финалето на Светското првенство во снукер и може да се каже дека Кина ќе дочека за првпат да добие светски првак во овој спорт во кој[to доминираат Британците.
Вечерната сесија почнува во 20 часот. На 50-годишниот Велшанец Вилијамс ќе му треба чудо над чудата и 10 освоени партии по ред за да ја освои титулата. Синтонг ќе стане третиот квалификант во историјата кој триумфираал на СП во снукер. Тој живее во непосредна близина на „Крусибл театарот“ во Шефилд, каде што се одржуваат светските првенства во снукер.
Синтонг, кој има 28 години, целиот турнир игра одлично, играше и три кола квалификации пред да влезе на главниот турнир, а во полуфиналето убедливо го победи најдобриот во историјата, Рони О‘Саливен, со 17-7 и покажа дека нема комплекси од никого.
Во финалето Џао вчера тргна фуриозно, поведе со 7-1. Во историјата на снукерот најголем пресврт во финалињата била победа по четири фрејмови негатива, а Вилијамс по три сесии има дури девет фрејма минус и вечер ќе се бори само за што подостоен пораз.
Победникот на финалето добива парична награда од 500.000 фунти.