Актуелниот НБА-шампион, Денвер, неочекувано убедливо загуби на гостувањето кај Кливленд со 121-109. Домашните во текот на целиот натпревар имаа водство и ги добија првите три четвртини, додека Денвер во последниот период успеа само да го ублажи оразот.
Никола Јокиќ имаше лош ден и мечот го заврши само со 18 поени, 10 скока и седум асистенции за скромен дабл-дабл учинок.
За екипата на Денвер ова е втор пораз во низа со кој паднаа на третата позиција на табелата во Западната конференција.
Резултати:
Бруклин – Филаделфија 99-121
Торонто – Детроит 142-113
Индијана – Орландо 116-128
Кливленд – Денвер 121-109
Далас – Сакраменто 113-129
Мемфис – Бостон 100-102
Јута – Феникс 137-140
Портланд – Оклахома 91-134
ЛА лејкерс – Хјустон 105-104