Седум пилоти не сакаа да клекнат, па го мотивираа Хамилтон да победи, макар и со три гуми на болидот

Последните кругови на денешната трка од Формула 1 шампионатот, ќе се раскажуваат уште долго, а дека може да биде интересно, имаше најава уште пред почетокот на Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун. Дури седум пилоти не сакаа да клекнат во знак на поддршка на анти-расистичкото движење, но носеа маички на кои пишуваше „Крај на расизмот“.

На првакот Луис Хамилтон кој носеше маичка со познатиот слоган „Животите на црните се вредни“ веројатно не му се допадна што Кевин Магнусен, Антонио Џовинаци, Карлос Саинс, Шарл Леклер, Данил Квјат, Макс Ферстапен и Кими Раиконен не клечеа, па беше екстра мотивиран да триумфира на патеката која е негов домашен терен.

За Хамилтон, сè одеше како подмачкано до финишот, а тогаш му пукна предната лева гума, па со само три гуми на болидот ја мина целната линија. Ако имаше уште еден круг до крајот на трката или ако патеката беше за 600-700 метри подолга, тој немаше да победи, но вака триумфираше среќно, бидејќи вториот Макс Ферстапен влезе во бокс пред на Хамилтон да му се случи проблемот, и имаше големо заостанување, па не можеше да го стигне.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести