Седум, шест и пет на Њукасл, Челзи и Евертон, Арсенал го доби дербито со Лестер (Видео)

Њукасл и Челзи имаа полесен тренинг и постигнаа седум, односно шест гола во мечеви од Лига купот на Англија против Барнсли и Моркомб, а ефикасен меч со вкупно 7 погодоци одиграа и Евертон и Флитвуд, а славеше премиерлигашот со 5:2 на гости.

Во дербито вечерва Арсенал го победи Лестер на „Кинг пауер“ со 2:0, со автоголот на Кристијан Фукс во 57-мата минута и погодокот на Еди Нкетаја во 90-тата минута.

Топчиите играа со комбиниран тим, а во следното коло повторно ќе играат дерби, против Ливерпул, ако актуелниот англиски шампион утре го победи аутсајдерот Линколн на гостински терен.

Кај Хаверц блескаше во дресот на Челзи на дуелот со слабиот Барнсли. Второто најскапо засилување во историјата на клубот од Лондон постигна хет-трик, што му се и први голови за новиот клуб во третиот меч за Челзи.

Прецизни беа и Абрахам, Баркли и Жиру, а ноќта со многу голови ја зачинија и играчите на Њукасл и на Евертон со уште 12 голови.

Во фокусот беше дербито на колото меѓу Лестер и Арсенал, а Топчиите беа поуспешни со два гола во второто полувреме.

Првиот беше дело на бекот на домаќините Фукс, кој си даде автогол, а потоа Нкетаја стави печат на триумфот на гостите.

- Оглас -

Најнови вести