Сега е и официјално – Алексис Санчес остана во Интер со тригодишен договор и плата од 7 милиони евра

Алексис Санчес и официјално е играч на Интер со перманентен договор до 2023 година. Манчестер јунајтед се согласи бесплатно да му го отстапи Чилеанецот на Интер, а според тригодишниот договор со Нераѕурите Санчес ќе заработува по 7 милиони евра годишно, што е драстично помалку од платата од 17 милиони евра на годишно ниво што ја имаше во Манчестер јунајтед, или со бонуси над 20 милиони евра.

Чилеанецот пристигна во Интер, лани во август и играше како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед. клуб кој се обврза да му плаќа поголем дел од платата што ја имаше според договорот со Црвените Ѓаволи.

Санчес има шанса сезонава да ја заврши со титула и тоа во Лигата на Европа, каде Интер синоќа го елиминираше Хетафе, а тренерот Антонио Конте беше задоволен од играта на своите избраници, велејќи дека тие уште не размисливаат за летен одмор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести