Сега е само игра со датуми кога Мбапе ќе му каже збогум на ПСЖ и ќе стане нов крал на Реал Мадрид

Килијан Мбапе сигурно ќе биде нов член на Реал Мадрид и тоа со петгодишен договор вреден по 40 милиони евра по сезона, а сега останува само играта со датумите.

Францускиот ас веќе е со мислите во Мадрид и треба само да одлучи кога ќе се збогува со Пари Сен Жермен, дали тоа да биде во сабота по мечот со Мец, во последното коло во Лига 1, или по финалето во Лигата на шампионите, во кое ќе игра неговиот следен клуб Реал против Ливерпул на 28. мај.

„Јас веќе го направив изборот и наскоро ќе соопштам каде ќе ја продолжам кариерата. Не сакам да ја повторам грешката од пред три години“, изјави опасниот напаѓач.

Се најавуваше дека ПСЖ ќе се обиде да го возврати ударот со понуда што е подобра и изнесува 50 милиони евра по сезона за Мбапе да остане во Париз, но тоа нема да се случи.

Килијан ќе си замине од ПСЖ како слободен агент, бидејќи договорот му истекува ова лето и се очекува само формална потврда дека ќе биде нов член на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести