Селекторот до јуниорите: Деца мои, вие сте победници за мене!

Поразот од Чешка во клучниот натпревар за третото место на Европското првенство Б дивизија, ги фрли во очај македонските кошаркари до 18 години, но селекторот Тони Симиќ, и преку социјалните мрежи им испрати зборови на поддршка, и им се заблагодари за постигнатиот резултат кој е еден од најдобрите во историјата во јуниорска конкуренција.

„Јас, Тони Симиќ, како селектор на репрезентацијата за играчи до 18 години, заедно со стручниот штаб, сакам да изразам едно големо благодарам до моите избраници. Деца мои, вие сте победници за мене. Вие го оставивте срцето на терен, ме направивте горд и мене и вашите родители, ја направивте горда Македонија“ – напиша Симиќ на Фејсбук.

Селекторот потоа испрати порака и до оние што се негативно настроени после двата финални порази.

„Секогаш ќе има некој на кој овој резултат и пласман нема да му се допадне. Нека им служи на чест. За мене, вие напишавте историја во кошарката. Не е малку пласман во полуфинале и шест победи по ред во првите шест меча. Со кренати глави да си одиме дома, со кренти глави да прошетаме низ Скопје и Македонија, затоа што ние сме едни и единствени“ – додава Симиќ.

- Оглас -

Најнови вести