Севилја планира да го задржи Капарос на клупата

Претседателот на Севилја, Хосе Кастро, потврди дека неговиот клуб ја разгледува опцијата да му понуди постојана работа на Хоакин Капарос, искусниот стратег кој моментално ја врши должноста на привремен тренер во тимот.

Капапрос пред околу еден месец го замени Пабло Мачин на клупата, а Севилја постепено почна да се подобрува во играта и да остварува позитивни резултати.

„Секако дека Капарос е сериозна опција, но прво ќе го почекаме крајот на сезоната. Тој донесе доста добри работи во тимот, но сметам дека во моментов треба да собираме што е можно повеќе бодови и да уживаме во победите кои нашиот тим треба да ги оствари. Слично мислење делиме со Мончи (спортскиот директор), тој откако се врати, ја смири ситуацијата и има високо мислење за Капарос“, истакна претседателот Кастро.

Инаку Капарос на почетокот од овој месец откри дека боледува од леукемија, но ќе продолжи да ја извршува својата задача без никакви пречки. Ова е трет мандат за искусниот шпански стратег на клупата на андалузиската екипа.

- Оглас -

Најнови вести