Шампионот не греши двапати, го декласира стариот муштерија Норич (Видео)

Манчстер сити не дозволи нов кикс на стартот од Премиерлигата и успеа рутински да го победи стариот муштерија Норич со 5:0.

Том Крул си постигна автогол во седмата минута, а потоа големото засилување на Сити, Џек Грилиш го постигна првиот гол за новиот клуб и тоа на среќен начин.

Со головите на Ајмерик Лапорт на Рахим Стерлинг и Ријад Марез шампионот само ја потврди убедливата победа против Норич, екипа која загуби со 5:0 и на претходното гостување на „Етихад“.

Победа забележа и Астон Вила со 2:0 против Њукасл, а мечот го обележа прекрасниот погодок со ножички на Дани Ингс.

Лидс и Евертон одиграа 2:2, а со реми, но без голови заврши дуелот меѓу Кристал Палас и Брентфорд.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести