Шампионот во бодибилдинг Тоше Зафиров состави добротворен тикет со добивка од 3.000 евра

Sport Life обложувалници продолжува со хуманитарната акција и за овој викенд. Досега во акцијата учествуваа бројни спортски фаци и личности од естрадата, па дојде редот и на еден од најпопуларните и најуспешни македонски бодибилдери, Тоше Зафиров.

Фитнес „мастерот“ и врвниот професионалец со задоволство ја покажа хуманата страна и реши да ни помогне заедно да ја оствариме целта, без разлика што досега среќата не си ја пробал во игрите на среќа.

Боди билдингот му е прва љубов преку која успеа да ги оствари сите индивидуални успеси, што воедно му го отвори патот кон здрав живот, но фудбалот отсекогаш му будел посебна возбуда поради натпреварувачкиот дух, како дополнителна мотивација да го достигне врвот. Зарифов како фан на Манчестер јунајтед најчесто ги следи случувањата во, според него, најатрактивната лига во Европа, Премиер лигата. Затоа во неговиот хуманитарен тикет примат имаат натпреварите од 13-тото коло во англиското првенство.

„Досега не сум посветил внимание на овие работи, игри на среќа и слично, но секогаш е убаво да се проба нешто ново ако тоа е со добра намера, ако се успее да се помогне некому“, вели Зафиров.

А, зошто токму Црвените ѓаволи му се најмили, Тоше откри дека често земал пример од Кристијано Роналдо, сегашната ѕвезда на Јувентус. Одлучноста на Португалецот и посветеноста да биде најдобар се карактеристики во кои Зафиров се пронашол и кои влијаеле врз него како мотивација.

„Манчестер јунајтед е тимот кој ми оставил најдобар впечаток. Особено во времето кога Роналдо играше за нив. Тој е голем пример дека со голем труд и љубов кон тоа што го правиш, но и посветеност и детерминација може да се стигне до успехот кој го посакувате. Се угледувам на него, тој знае како е да се биде шампион“, додаде Зафиров.

Од зборовите на Тоше сите може да извлечат поука, односно да го најдат рецептот за успех. Ако тоа не е доволно, Зафиров на дело покажа што треба да се направи, за да се биде најдобар во тоа што го сакаш, го потврдил тоа во повеќе наврати, од Будимпешта до Брежице, па и до Италија.

- Оглас -

Најнови вести