Тоше Зафиров освои медал и на Предатор Про и откри колку пари вреди секој пехар што го освојува (Видео)

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров продолжува со одлични настапи без разлика на кое натпреварување ќе се појави. Последниот голем успех Зафиров го оствари на Предатор ИБФФ ПРО во Будимпешта, каде што во жестока конкуренција го освои бронзениот медал.

Ова е само уште еден од низата медали кои Зафиров ги освојува и со гордост ја претставува Македонија на меѓународна сцена. Колку за потсетување, Тоше во изминативе неколку месеци имаше одлични настапи на Мистер Универзум ПРО во Италија, Словенија Про, Будимпешта Про, каде што стигна до блескавото злато, и уште многу други успешни настапи.

По освојувањето на овој медал, Зафиров откри колку пари вреди секој трофеј кој го освојува, но не заборави да се заблагодари и на сите оние кои го поддржуваат, меѓу кои секако е и Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести