Шкупи рутински против Лапи, успешен ден за макфудбалот на европската сцена

Шкупи славеше победа од 2-0 над Лапи во мечот од првото квалификациско коло во Лигата на конференциите. Тимот од Чаир го потврди успешниот ден на макфудбалот на европската сцена откако претходно Силекс и Струга Трим Лум дебитираа со ремија од 1-1 против Петроклуб, односно Лиепаја.

Кире Маркоски ја отвори средбата на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со погодок во 36-тата минута, па дури во четвртата минута од судиското надополнување беа решени дилемите со голот на дефанзивецот Рватубуаје.

 

 

- Оглас -

Најнови вести