Шоу критикува: Пред 75 илјади наши навивачи ние само седевме назад, време е менаџерот да презентира нови идеи (Видео)

Манчестер јунајтед одигра катастрофален меч против Вулверхемптон и загуби со 0:1 пред полни трибини на „Олд Трафорд“ и за првпат од Волците на својот фудбалски храм по 1980 година.

Незадоволството кај сите што при срце им е Манчестер јунајтед е големо, а разочарувањето не го криеше и Лук Шоу.

„Пред 75 илјади наши навивачи што правевме цел меч? Само седевме одзади и чекавме да не примиме гол. Манчестер јунајтед мора да притиска, да напаѓа, особено против тим како Вулверхемптон, против кого редовно во последно време имаме проблеми. Ако не ги притискаш, ќе доминираат како што тоа го направија денеска, особено во првото полувреме. Имавме желба за победа, но таа остана во соблекувалната и на теренот искрено не покажавме ништо. Нешто ќе мора да се менува и ако нешто е добро, тоа е одличната игра на Фил Џонс, играч кој беше многу критикуван во последно време, но вечерва покажа дека е одличен фудбалер. Можеби и менаџерот треба да внесе нови идеи бидејќи вака Манчестер јунајтед не смее да игра“, изјави бекот на Црвените ѓаволи.

Волците доминираа во текот на целиот меч и со голот на Жоао Мутињо во 82-рата минута по 41 година, победија на „Олд Трафорд“. Гостите ја прекинаа серијата од 10 меча без триумф на храмот на фудбалот во Манчестер, а се и првата екипа по речиси цели две децении што како гостин против Црвените ѓаволи успеа да упати дури 15 удари во едно полувреме, а тоа го сторија во првите 45 минути.

Ралф Рангник го доживеа првиот пораз откако е менаџер на Манчестер јунајтед, а Црвените ѓаволи прекинаа серија од 9 меча без пораз.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести