Шок за Надал: Циципас закажа финале со Ѓоковиќ

Стефанос Циципас приреди изненадување во второто полуфинале на АТП Мастерс турнирот во Мадрид, остварувајќи триумф над Рафаел Надал со 2-1 (6-4, 2-6, 6-2) во сетови. Младиот грчки тенисер одлично му се спротивстави на фаворизираниот Шпанец, кој целеше на деветти пласман во финалето. Надал воедно се надеваше дека ќе надополни уште една титула во рекордните пет од турнирот во родната земја.

Во шпанската престолнина се одигра фантастично второ полуфинале, а Циципас покажа дека незалудно е во топ 10 тенисери во светот. Дуелот стартуваше со по еден одземен гем, а потоа Циципас дојде до водство од 5-4 по третиот онаправен брејк и се најде во ситуација со првата сет-топка да поведе со 1-0.

Надал на тоа одговори со израмнување на 1-1 во сетови за само 37 минути, вториот светски рекет со два брејка за брзо направи 6-2 и изнуди трет, одлучувачки сет. Наместо неисвесна завршница, Шпанецот како да загуби здив, а тоа го искористи Циципас и му одзема два гема на негов сервис. Надал за момент возврати со брејк за 5-3, но Циципас ја реши средбата дури по четвртата меч-топка при сервис на Шпанецот.

Циципас во финалето за својата прва голема титула во кариерата ќе се бори со првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој претходно го елиминира вицешампионот на Мадрид Доминик Тим, со 2-0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести