Штета: Фламенго не даде трет гол за да имаме добитен Полноќен експрес

Синоќешното издание на Полноќен експрес нудеше четири предлог-типови со кои можеше да се состави тикет со одлична добивка во Sport life обложувалнициВо понудата имаше четири натпревари од Копа Ливертадорес, кои носеа вкупна квота од 29.66, а ќе беше добитна доколку Фламенго славеше со три или повеќе погодоци против Емелец, но средбата заврши со 2-0.

Со оглед дека Бразилците имаа негатива од два гола од првиот осминафинален меч, им беа потребни три погодоци за да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето, па затоа очекувавме дека домаќинот најмалку трипати ќе ја тресе мрежата на гостите од Еквадор. Услов за Фламенго беше да дадат најмалку еден гол во првото полувреме, а дадоа два до 20-тата минута, што значи дека имаа доста време да го сторат она што се бараше од нив, но без успех. На крајот, пласманот во четврт-финалето го обезбедија по изведувањето на пеналите.

Останатите три натпревари излегоа како „зицери“. На дуелот Бока јуниорс – Атлетико ПР типувавме победа на домаќинот или евентуално реми во кој ќе се постигнат од два до четири гола, а средбата заврши со рутинирани 2-0 за домаќините.

Интернасионал славеше со 2-0 против Насионал, резултат кој одговараше на нашиот тип 1X & 1-2 гола. Мечот меѓу Серо Портењо и Сан Лоренцо заврши со конечни 2-1 (0-1), а ние очекувавме да нема повеќе од два гола во двете полувремиња.

Денес, околу 19 часот, стандардно Спортманија ќе понуди нови предлози со Полноќниот експрес кои ќе им помогнат на обложувачите полесно да дојдат до добивка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести