Златан Ибрахимовиќ беше фудбалерот кој го најави неверојатниот пресврт на Милан во дуелот против Јувентус и победата на Росонерите од 4:2. Популарниот Ибра погоди од пенал, гол со кој Милан намали на 1:2, а во следните неколку минути домаќините дадоа уште два гола за комплетен пресврт.
Пред да го изведе пеналот, Кристијано Роналдо се обиде да го деконцентрира Ибрахимовиќ. Првата ѕевзда на Јувентус почна да вика „го познаваш, го познаваш“, алудирајќи на тоа дека голманот на Јувентус, Војќех Шченсни, ќе му го одбрани пенаот на Ибрахимовиќ.
Сепак, пустата желба на Роналдо остана неостварена, а Ибрахимовиќ беше сигурен реализатор. По постигнувањето на голот, Златан само се сврте и му се насмевна на Роналдо. Едноставно, провокациите на Португалецот не беа успешни.
https://twitter.com/i/status/1280610091771858948