Штрајк на фудбалерите во Италија – Нема да играме додека околу нас умираат луѓе

Фудбалерите во Италија се закануваат со штрајк и објавија дека нема да играат во ситуација кога луѓето умираат од коронавирус.

Предводени од поранешнито ас на Рома, Дамјано Томаси, кој е претсетдател на Синдикатот на фудбалери на Чизмата од утре како што велат ќе стапат во штрајк.

„Нема да играме фудбал, во ситуација кога умираат луѓе околу нас од коронавирус, објавија од Синдикатот на фудбалери во Италија.

Дел од Северот на Италија е ставен во карантин, а областа зафаќа околу 16 милиони жители, отако бројот на смртни случаи рапидно порасна. Досега има 233 жртви, а Владата на Италија донесе мерка да се игра фудбал во Серија А без публика до 3. април.

 

- Оглас -

Најнови вести