Швеѓанецот што го пцуеше Халанд изненадно избегна реванш со норвешката гол-машина

Шведскиот дефанзивен играч Александар Милошевиќ го привлече вниманието на фудбалската јавност откако Ерлинг Халанд го обвини дека го пцуел за време на дуелот меѓу Шведска и Норвешка во Лигата на нациите.

По тој инцидент, Милошевиќ изненадно е повлечен од селекцијата која ја предводи Јане Андерсон со тврдење дека заработил некаква повреда и не е подготвен за претстојните средби против Србија на 9 јуни и за гостувањето кај Норвешка три дена подоцна.

Стоперот избегна реванш со гол-машината Халанд, кој на провокациите одговори со два гола во тој меч и ги освои трите бода за Норвешка во триумфот од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести