Сите го жалат Ван Дајк, но и дефанзивецот на Ливерпул имаше фаул поради кој сега нема да игра најдобриот фудбалер на Евертон

Евертон има одличен старт во Премиер лигата и по пет кола е лидер со 13 од можните 15 поени. Еден од главните играчи за добрите резултати на Евертон е Џејмс Родригес кој летово пристигна на „Гудисон парк“.

Следен предизвик за Евертон е мечот против Саутемптон на гости, а тренерот на Карамелите Карло Анчелоти има голем проблем и тоа токму со Родригес. Колумбискиот офанзивец нема да игра на ова гостување поради повреда заработена на дербито против Ливерпул.

Родригес беше повреден по еден старт на Вирџил Ван Дајк и тоа на почетокот на мечот.

„За жал, добиениот удар по стартот на Вирџил ван Дајк е причина поради која Џејмс нема да може да го имаме во составот за мечот против Саутемптон. Опасен беше тој старт на Ван Дајк“, рече Анчелоти.

Дербито на Ливерпул најмногу се памти по поништениот гол на Ливерпул во 94 минута, како и по повредата на Ван Дајк по стартот на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, па оваа повреда на Родригес остана незабележана, но сега Евертон е во проблеми.

 

- Оглас -

Најнови вести