Сите ја видоа топката во голот, а тогаш Ареола се истегна за интервенција на колото во ПЛ (видео)

Лестер и Манчестер јунајтед најавија забавен Боксинг деј, меѓутоа ефикасноста запре со двата натпревари од Премиер лигата кои почнаа во 16 часот. Само три погодоци се забележани на дуелите Астон вила – Кристал палас и Фулам – Саутхемптон, а за тоа виновен е голманот на Фулам, Алфонс Ареола.

Францускиот чувар на мрежата со феноменална интернеција го спречи одлично изведениот слободен удар на Ворд-Праус така што максимално се истегна и ја тргна топката од местото каде што се спојуваат дирекот и гредата.

Areola great save from Ward-Prowse free kick from soccer

На „Крејвен котиџ“ немаше голови во остатокот од средбата, барем не регуларни, додека Астон вила беше убедлива со 3-0 против Кристал палас иако домаќините цело второ полувреме беа со играч помалку на теренот.

- Оглас -

Најнови вести