Снимка од тренинг на Реал Мадрид стана хит: Рудигер е како ѕид, нема поминување покрај него (Видео)

Една снимка од тренинг на Реал Мадрид стана хит на социјалните мрежи. На видеото се гледа како Маријано Дијас безуспешно се обидува да го издрибла Антонио Рудигер.

Шпанскиот Доминиканец е резервен напаѓач на Реал, можно е и да си замине од клубот до крајот на преодниот рок, а на тренинзите очигледно си има мака во дуелите „еден на еден“ против новиот дефанзивец на Кралскиот клуб.

Погледнете како Маријано се мачи да го помине „германскиот ѕид“:

- Оглас -

Најнови вести