Со нов трипл-дабл Јокиќ израмни два рекорди, едниот е стар 52 години

Никола Јокиќ имаше уште еден блескав меч и на крајот е најзаслужен за првата победа на Денвер сезонава. Нагетс славеше со 124:111 против Хјустон, а Јокиќ израмни два неверојатни рекорди. Центарот на Денвер мечот го заврши со 19 поени, 18 асистенции и 12 скока, а имаше и три украдени топки.

Со овој трипл-дабл, Јокиќ го израмни клупскиот рекорд по бројот на трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната. Србинот сега има 43 меча на кои имал трипл-дабл, колку што беше и клупскиот рекорд поставен од Фат Левер. Овие двајца кошаркари се израмнети на деветтото место на вечната НБА-листа по бројот на трипл-дабл учиноци. На осмото место е Џејмс Харден со 46 такви постигнувања.

Освен што имаше трипл-дабл, Јокиќ го израмни рекордот и на легендарниот Вилт Чемберлен од далечната 1968 година. Јокиќ е првиот центар по Чемберлен што на еден натпревар успеал да има дури 18 асистенции.

Во првите три меча кои го одигра сезонава, Јокиќ има просек од 24 поени, 14 асистенции и 12 скока по меч, што само потврдува колку е силен Никола во секој аспект од играта.

Освен блескавата игра на Јокиќ, ноќешните НБА-мечеви беа одбележани и по една тешка повреда на дуелот Бруклин – Мемфис. 

- Оглас -

Најнови вести