Солскјер: Добро е што Мурињо не беше да ја проверува висината на головите!

Манчестер јунајтед на неверојатен начин со 3:2 го победи Брајтон во меч на кој прво беше отсвирен крај при резултат 2:2, а потоа судијата гледаше ВАР, за да го продолжи мечот и додели пенал за гостите по кој Црвените ѓаволи стигнаа до трите бода.

Манчестер јунајтед во текот на сите 100 минути колку што се играа, имаше среќа на теренот на Брајтон. Домаќините играа отворено, напаѓаа и дури пет пати ја погодуваа пречката или стативите на голот на Давид де Хеа. Тоа е рекорд во историјата на Премиер лигата, а интересна изјава по мечот имаше тренерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер.

Норвешкиот стратег на шега изјави дека е добро што пред мечот не се појавил Хозе Мурињо да ги измери головите.

„Морам да му се заблагодарам на Жозе Мурињо што не беше тука пред мечот да ја измери висината на головите. Во спротивно ќе бевме во неволја“, рече на шега Солскјер.

Мурињо беше вистински хит откако на гостувањето на Тотенхем кај Шкендија во рамките од квалификациите за Лигата на Европа, пред стартот на мечот во Скопје, забележа дека пречката е пониска од вообичаеното.

„Мислев дека сум пораснал, но потоа сфатив дека голот е понизок за 5 см“, искоментира Мурињо по дуелот во Скопје.

Токму тие 5 сантиметри беа среќата на Манчестер јунајтед затоа што Брајтон можеше да даде пет гола, ако топката беше 5 сантиметри попрецизно упатена кон голот на Манчестер јунајтед. Секако на дуелот од премиер лигата, головите беа по стандардната големина.

 

- Оглас -

Најнови вести