Спектакл, пресврти и победа на Барселона во Париз, Атлетико со минимална предност пред реваншот (Видео)

Љубителите на фудбалот и вечерва имаа можност да гледаат фантастичен фудбал во Лигата на шампионите, а тоа посебно се однесува на натпреварот помеѓу ПСЖ и Барселона. Откако во првото полувреме „каталонците“ имаа минимална предност од 0-1, во вториот дел постигнати дури четири погодоци, но и два пресврти, а на крајот победата им припадна на гостите од Барселона со 2-3. На вториот меч, фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Борусија Дортмунд со 2-1, откако имаа убедливи 2-0 после првите 45 минути, но Халер во 81-вата минута го намали резултатот и го постави конечниот резултат.

Спектаклот во второто полувреме во Париз започна со израмнувачки погодок на ПСЖ преку Осман Дембеле во 48-мата минута, со прекрасен удар под пречката.

Само три минути подоцна, фантастична акција на фудбалерите на ПСЖ за комплетен пресврт и водство од 2-1. Стрелец на голот беше Витиња.

Сепак, Барселона не се отажа и во 62-рата минута, Рафиња со неговиот втор погодок го израмни резултатот на 2-2, откако успешно ја искористи фантастичната асистенција на Педри.

Во 77-мата минута нов пресврт, овој пат во водство доаѓа Барселона преку данецот Андреас Кристенсен, кој после корнерот на Гундоган најдобро се снајде во шеснаесетникот на ПСЖ и со глава го совлада Донарума, со што го постави конечниот резултат на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести