Спектакл во најава, Селтик е најверојатниот ривал на Шкендија (Видео)

Доколку не се случи нешто сензационално неочекувано, наскоро во Скопје ќе допатува европскиот првак од 1967 година, Селтик, и тоа за да се бори со македонскиот првак Шкендија за влез во последната рунда од квалификациите за влез во групите од Лигата на шампионите. Славниот клуб од Глазгов вечерва губеше од Сараево со 0-1, но потоа постигна три гола и со победа од 3-1 оди на реваншот на свој терен.

Подобриот од дуелот на Селтик и Сараево, а тоа би требало да бидат Шкотите, во следното коло игра со Шкендија или со Номе Калју. И Шкендија славеше како гостин и се наоѓа во одлична позиција да оди понатаму и да му се спротивстави на големиот Селтик.

Освен тоа што овој голем клуб првпат ќе дојде во Скопје, откако лани против Шкупи гостуваше нивниот ривал Ренџерс, ќе биде интересно и присуството на шкотските фанови кои во зелено-белите дресови ќе бидат препознатливи во центарот на нашиот главен град.

Ова е третиот мајсторски гол на Селтик, дело на Скот Синклер, некогашен играч на Манчестер сити и Челзи, кој добро се снајде и даде гол со пета:

https://twitter.com/i/status/1148676501723897856

 

- Оглас -

Најнови вести