Специјално за шампионите на Норвешка: Играчите на Бодо во придружба на борбени авиони (видео)

Бодо Глимт за првпат во својата 104-годишна историја ја освои титулата во Првата лига на Норвешка. Титулата за Бодо Глимт е релативно изненадување бидејќи во Норвешка тој клуб беше познат како „лифт“, клуб кој постојано се селеше од прва во втора лига и обратно, но откако се стабилизира во 2017 година, искачи нови врвови.

По победата на гостувањето кај Стромсгодсет, играчите на Бодо со авион се враќаа кон дома, кога во летот им се придружија 8 борбени авиони Ф16, додека во кокпитовите беа поставени навивачки шалови со боите на клубот.

Специјален пречек за новите шампиони на Норвешка можете да го видите на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести