Според Оле, црвениот картон на Беднарек е претеран

Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од настапот на своите играчи во рекордната победа на Манчестер јунајтед од 9-0 над Саутхемптон.

Црвените ѓаволи израмија свој рекорд стар 21 година, односно го повторија резултатот кој Лестер го оствари исто така над Светците во октомври  2019 година со идентични 0-9 на стадионот „Сент Мери“.

Домаќините до огромниот учинок лесно стигнаа ако се знае дека тимот на Хазенхутл од втората минута остана со играч помалку по црвениот картон на Јанкевиц, додека во финишот и Беднарек беше исклучен поради непромислен прекршок во опасната зона при резултат 6-0.

Сепак, норвешкиот стратег смета дека вториот црвен картон беше претерана реакција, но правилата се такви и мора да се почитуваат.

„Беднарек дефинитивно не требаше да добие црвен картон, меѓутоа такви се правилата. Пред мечот разговарав со судиите околу исклучувањето на Давид Луис во мечот меѓу Вулверхемтпон и Арсенал, ситуацијата беше слична, но тоа е што е“, истакна Солскјер.

Откако Беднарек замина на рано туширање, Јунајтед уште трипати ја затресе мрежата на Мекарти за рекордната победа.

- Оглас -

Најнови вести