Спортска прогноза: Мора да се стави крај на серијата ремија меѓу Милан и Лацио

Дербито Милан – Лацио е во понудата од најновото коло на Спортска прогноза, меч кој ќе биде тежок за прогнозирање ако се земат предвид последните неколку средби на овие две екипи. Последните четири меча на „росонерите“ и „лацијалите“ завршија без победник, а три оди нив се играа во рамките од Купот на Италија.

Во минатогодишното полуфинале двата меча завршија без голови, а Милан беше поуспешен во пенал-серијата. Од оваа сезона во Серија А еднаш се пресметаа, дербито на „Олимпико“ заврши со 1-1, додека ждрепката во Купот повторно ги спои во полуфинале, а и тој меч заврши без погодоци.

Сега ќе се сретнат во рамките од 32-рото коло на Серија А, а и за двете екипи овој меч е од голема важност. И Милан и Лацио посакуваат пласман во Лигата на шампионите, избраниците на Гатузо се во пол-позиција за да го остварат тоа. Милан е на четвртото место со 52 бода, додека Лацио  е на седмото место со 49 бода, но имаат и натпревар помалку.

Дербито е само еден од 13-те натпревари кои се понудени за освојување „Среќна 13-ка“, која може да ви донесе мобилен телефон iPhone XS. И со еден утнат пар се добива мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6 2018.

Добивки има и за тие со 11 и 10 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од Sport Life обложувалниците од по 500 и 200 денари. Играњето Спортска прогноза е бесплатно и со прогнозирањето може само да добиете.

Во минатото коло за влакно избега да биде доделен мобилниот телефон Samsung Galaxy A6 2018, кој се доделува за 12 погодоци. Максимални 13 погодоци, односно „Среќна 13-ка“ носи мобилен телефон iPhone XS.

Сите редовни играчи не смее да го пропуштат колото за да останат со поголеми шанси во трката за Генерален пласман, каде што исто така има подароци за најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести