Спортска прогноза: Виенското дерби со изгубен сјај во недела по 329-ти пат

Градското дерби во Виена помеѓу Австрија и Рапид во недела ќе се одигра по 329-ти пат. „Ернст Хапел арената“ ќе биде сведок на дуелот помеѓу двата некогашни австриски шампиони, кои ќе се обидат да го вратат стариот сјај на ова ривалство кој со текот на времето е изгубен во доминацијата на Салцбург.

Средбата е закажана во недела, во 17 часот, што значи дека е меѓу последните мечеви од понудата на новото коло во Спортска прогноза, па исходот може многу да влијае во трката за мобилниот телефон „самсунг галакси А6“.

Иако овој меч нема да биде борба за првите позиции во австрискиот шампионат, и на двете екипи им е потребна победа. Австрија е петта на табелата со 24 бода, само еден бод ја дели од црвената зона, која значи плејаут, додека Рапид веќе е во тој дел со 20 освоени бода по 17 одиграни натпревари. Според последните пет меѓусебни средби, Рапид брои две победи против лутиот ривал, две средби завршиле без победник, додека Австрија триумфираше во последниот нивен дуел со минимални 1-0.

Домаќините ќе треба да го искористат и уморот на фудбалерите на Рапид, бидејќи тие денес ќе играат против Глазгов ренџерс во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, додека Австрија ќе има повеќе време да се подготви за неделното дерби.

Освен дербито во австриската Бундеслига, ви нудиме уште 11 интересни средби на кои може да типувате и да стигнете до мобилниот телефон „самсунг А6“.  Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести