Станува критично! Утре веројатно нема да играат Астон вила и Ливерпул

Астон вила и Ливерпул утре треба да играат во дербито од 32-финалето во Лига купот на Англија. Мечот треба да се игра во Бирмингем, но може да не се игра. Астон вила денеска одлучи да го затвори тренинг центарот поради зголемениот број на заразени играчи и членови на стручен штаб.

Во понеделникот беше првото тестирање во новата година, на кое имаше повеќе заразени со опасниот вирус. По денешното повторно тестирање, бројот на заразени е многу поголем, па затоа е и затворен цел тренинг комплекс, а од Астон вила нема одоговор за тоа колку фудбалери се позитивни на Коронавирусот и дали ќе имаат подготвени 14 играчи за утрешниот меч.

Веќе еден меч од Фа Купот е одложен, a тоа е дуелот меѓу Саутхемптон и Шревсбери, поради зголемен број на заразени кај гостите.

Во последните три дена, во Премиер лигата има 40-тина новозаразени фудбалери што е рекорд откако се појави пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести