Ставре Јада добро помина, на Финецот му замрзнал пенисот од ладното време

На последниот ден од Олимписките игри, македонскиот репрезентативец Ставре Јада беше дел од крос-кантри маратонот во Пекинг. Јада го освои 56-тото место на трката која требаше да биде во должина од 50 километри, но беше скратена само на 30 километри.

Причина за речиси двојно пократната маратонска трка беше ладното време во Пекинг. За време на трката беше измерена температува од минус 14 степени, но имаше и силен ветер поради кој температурата паѓаше и до минус 22 степени.

Голем дел од натпреварувачите имаа проблеми да се останат загреани на толку студено време, а најлошо помина Финецот Реми Линдхолм.

Во текот на трката тој почувствувал болки во препоните, а по завршувањето на трката открил дека му се заледил пенисот и дека по трката не можел ниту нормално да оди во тоалет.

Оваа неверојатна приказна ја проследија речиси сите најреномирани светски спортски весници. Францускиот „L Equipe“ на насловната страна пишуваше за овој случај, кој предизвика многу коментари, а го имаше и во англиските медиуми.

Првите проблеми Финецот ги почувствува на средината од трката, па наместо вода, барал да пие чај за да се стопли. Линдхолм не беше единствениот кој имаше проблеми со ладното време. Голем број на крос-кантри скијачи се жалеа на болки во колената и зглобовите, а дел велат дека малку фалело да имаат и смрзнати прсти иако носеа ракавици.

Едноставно, времето во Пекинг за време на оваа трка на последниот ден од ЗОИ било нехумано.

- Оглас -

Најнови вести