Стефан Ристовски „распали“ по Дарко Панчев (Фото)

Неодамнешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, пред три месеци донесе неочекувана одлука, да се повлече од репрезентативниот дрес. Преку социјалните мрежи, Ристовски во август одлучи дека наредниот период нема да игра за Македонија, а како една од главните причини за таа одлука беше фактот дека на селекторската клупа остана Благоја Милевски. 

Ристовски денеска повторно се појави со своја реакција на социјалните мрежи и упати порака до Дарко Панчев, фудбалерот кој беше прогласен за најдобар во Македонија за 20 век.

Панчев јавно го поддржува Милевски и сугерира дека актуелниот селектор треба да остане предводник на Македонија, нешто со кое Ристовски очигледно не се согласува, па упати порака до Панчев. „Да беше ти помошник, ќе го освоевме европското“, беше пораката која Ристовски ја напиша на својот инстаграм-профил.

По завршување на квалификациите за ЕП 2024 година, Спорт Манија направи анкета во која учествуваа повеќе од 150 читатели за тоа дали Милевски треба да остане селектор на Македонија или не. Резултатите беа дека дури 90 отсто од фановите очекуваат Милевски да не добие продолжување на нов договор.

- Оглас -

Најнови вести