„Стејплс центарот“ во Лос Анџелес го менува името – за 700 милиони долари

Легендарната сала во Лос Анџелес, „Стејплс центар“, кон крајот на годинава ќе го смени своето име и во следните 20 години ќе се вика „Крипто.ком арена“. Правата за името на салата се продадени за 700 милиони долари, што е светски рекорд во историјата на спортот.

Официјалното преименување на салата во која како домаќини играат професионалните клубови од Лос Анџелес во НБА, ВНБА и НХЛ-лигата, а таму се одржуваат и големи музички настани и концерти, ќе се случи на католичкиот Божиќ, на 25 декември, кога Лејкерс ќе играат меч против Бруклин нетс.

„Стејплс центарот“ постои од 1999 година, а во јуни годинава и салата на Мајами хит доби ново име по договор за правата за името со компанија за криптовалути. Мајами доби 135 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести