Столе не е класичен голман: истрча речиси 5 километри, и беше човек со најмногу додавања кај Рајо

Столе Димитриевски кој на две гостувања по ред на „Камп Ноу“ во Барселона остана несовладан, беше прогласен за МВП на мечот, но освен одбраните, има и други статистички показатели кои само потврдуваат какво издание имаше тој против ѕвездениот противнички состав.

Македонскиот репрезентативен голман истрча дури 4,8 километри, што воопшто не е малку, и е некаде половина од просечната дистанцата која ја трчаат фудбалерите кои играат во среден ред.

Столе е и играч со најмногу додавања кај Рајо во првото коло. Димитриевски имаше 36 додавања, повеќе од било кој негов соиграч синоќа.

- Оглас -

Најнови вести