Суарес не можеше да ги сокрие емоциите при разделбата со Барселона (видео)

Луис Суарес кариерата ќе ја продолжи во редовите на Атлетико Мадрид откако утринава се потврди преселбата од „Камп ноу“ на „Ванда Метрополитано“. Суарес како трет најдобар стрелец во историјата на клубот ја напушта Барселона, а на прес-конференцијата не можеше да ги сокрие емоциите.

„Секогаш ќе се чувствувам како да сум дел од вас, како да сум Каталонец. Неверојатно ми е тешко што заминувам, но мило ми е што си го остварив сонот да играм за овој голем клуб. Заедно освоивме многу трофеи, трпевме и многу падови, исто така заедно, па затоа сакам од срце да им се заблагорадам на сите кои работеа со мене изминативе години. Во иднина ќе бидеме ривали, знам дека за мене ќе бидат посебни дуелите против Барселона“, истакна Суарес.

На прошталната прес-конференција, Суарес го испрати капитенот Меси, а присуствуваа уште Пике, Бускетс, Роберто и Алба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести